O TBTT
- Зошто е оваа акција?
Колаборативна кампања која опфаќа користење на информациско комуникациски технологии (ИКТ) за спречување на насилството врз жените (VAW).
Повик упатен до сите – а особено до девојките и жените – да ја превземат контролата над ИКТ и свесно да ги користат за промена на односите на сила и моќ помеѓу мажите и жените во дигаталните простори.
За 16 дена (нов 25. – дек 10.), да им се овозможи на корисниците/чките да користат ИКТ во вид на активизам против насилството врз жените
- Зошто “Take Back The Tech”?
За да создадеме дигитален простор кој го штити правото на слобода на движење, без вознемирување или претење врз сигурноста на секого.
Да ги сфатиме нашите права да обликуваме, дефинираме, учестуваме, користиме и шириме знаење, информации и ИКТ
Означува пресек помеѓу правото на комуникација и женските човекови права, особено насилството врз жените.
Признавање на историското и критичкото учество и придонес на жените во развој на ИКТ (npr. Ada Lovelace, Grace Hopper …)
- Кои се целите на оваа акција?
Да се изгради знаење за тоа како VAW е поврзан со ИКТ, врз основа на различните искуства и вистински случувања.
Поддршка и промовирање на локалните акции, приоритети и заговарања на прашањата за VAW и ИКТ во различни простори и контексти.
Заеднички да се изработат стратегии на користење на ИКТ тактички спротивставувајќи се на насилството врз жените.
Промена на окружувањето, потенцијалот и парадигмите на ИКТ по пат на активно учество.
- Кому се обраќаме?
На Web заедниците и корисниците
Адвокатите ангажирани во спречувањето на VAW
Бранителите на женски права
Луѓето кои профитираат од VAW
Медиумите, провајдерите за информации и вести
Кројачите на политики и закони
- Кој ќе ја отпочне акцијата?
Обичните ИКТ корисници – девојки, жени, женски ИКТ кориснички
ИКТ програмери
Оние кои прибираат и испраќаат информации
Креатори на содржини
Градители на знаење
Едноставно било кој почнувајќи од библиотекарот, предавачот, писателот, техничкиот персонал, блогерот, email-от, sms-от, тренерот, музичарот, web-менаџерот, теоретичарот, графит уметникот, фотографот …
- Како вие можете да ја повратите контролата над технологијата?
(некои предлози)
Ставите оглас за кампањата на својот web сајт.
Дојдете со идеи за акција кои можат да бидат направени во 16 дена.
Размислете за мрежите или иницијативите или online заедниците кои ги знаете, а кои ќе земат учество во кампањата и ќе ја локализираат!
Поделете видео исечоци, аудио датотеки, слики, графики, и други видови на содржини.
Доставете алатки или пишувајте водичи за кои мислите дека се од корист.
Преведете средства на свој јазик.
Пишувајте, блогирајте, разговарајте, документирајте – придружете се на ka-BLOG! или направете своја сопствена blogging заедница и разработете тактики.
Направете свои сопствени слики за кампањата. Креирајте нови слики.
- Или покренете локална кампања!
Размислете заедно со колку луѓе за кои мислите дека би можеле да бидат заинтересирани за отворање на ова прашање во вашиот град, заедницата, државата или регионот.
Кои се итни прашања во поглед на VAW и ИКТ?
Која е таа промена што би сакале да ја видите, и како можете со помош на кампањата да ја видите таа промена?
Мислете на едноставни, креативни и конкретни акции, или едноставно само соберете неколку луѓе заедно како би ги завршиле дневните кации колективно.
Контактирајте не, ние ке ви помогнеме: info@oneworldsee.org, eleonora.delova@oneworldsee.org
Немојте да заборавите да ја делите својата кампања со дргуите
- Прашања за отпочнување на акција
Што мислите вие за оваа акција?
Можете ли да учествувате?
Што е потребно за да се поврати контролата на ИКТ? (пристап? заедница?информација? Стратегии?)
Што мислиш дека недостасува?
Како можете вие да ја повратите контролата над технологијата?
Што можете да направите со онлајн пристапот? На кое место имате пристап?
Како ја користите технологијата сега?
Кои тактики можете да ги примените за 16 дена за да ја истакнете поврзаноста помеѓу ИКТ и VAW?
Линкови:
Како да ја организирате TBTT кампањата?
1) Соберете ги пријателите, партнерите и соработниците
Најпрво изберете неколку личности со кои би сакале да ја организирате кампањата. Тоа може да бидат двајца или повеќе луѓе, се додека со нив ве поврзува еднаква енергија и решителност да се превзема акција.
Доколку веќе постојат организации или групи кои учествуваат во организарањето на кампањата 16 дена активизам, обидете се да направете партнерство со нив во градењето на TBTT акцијата или некои од активностите.
2)Одберете конкретна тематика
Кои се критичните теми или фокус на на вашата акција за насилство врз жените во вашиот локален или национален контекст (нпр. Во училиштето, комшилукот, на работа, во градот..)?
Како се поврзани со нив правото на комуникација, информации, изразување на мислење, делење на знаење и формирање на мрежи или заедници? Ова може да се однесува на нив, или може да биде прилика да се обрати на партнерите. На пример, факт е дека постои пораст на бројот на девојките и жените кои трпат вознемирување и прогонување по пат на мобилен телефон. Истовремено, тие имаат можност да дојдат до информација како да реагираат во такви ситуации- по пат на интернет. Во овој пример, можен повик за акција би била препораката мобилните оператори да овозможат СМС- пријавување на вакви вознемирувања, по што би можеле да ги блокираат понатамошните обиди за вознемирување и контактирање со бројот на оној што вознемирува.
3)Размислувајте на конкретна акција
Бидете креативни, планирајте и создадете предизвик. Исто така, експериментирајте! Ова може Вам да ви помогне да осмислите акции кои би ги ангажирале луѓето и им биле интересни за да се вклучат, а истотака може Вам да ви помогне да добиете поголемо медиумско внимание, со што влијанието на вашата акција би било уште појако.
Кои се вашите вештини? Колку сте успешни во различните видови на примена на IKT?на кои се начини можете да ги комбинирате и вклопите различните вештини и техники за да направите акција? На пример, една од TBTT акциите би била да се креираат разгледници кои дигитално се аплодираат, и кои би можеле да се испраќаат преку вебсајтвите, пријателите, или јавните лица, како би се подигнала свеста за некоја тема.
На кои начини преку вашата акција можете да допрете до оние кои сакате? Ако вашата целна група се жени кои користат ИКТ, преку кои простори тие се движат и со што се занимаваат? Како ќе го привлечете нивното внимание и ќе ги натерате да се посветат и да се ангажираат преку вашата акција? Ако се работи за жени на положба да донесуваат одлуки, дознајте точно кои се тие, и како креативната употреба на ИКТ може двојно да допре до нив – директно и по пат на медиуми?
Направете нацрт на Вашата акција на начин на кој вас ви делува најефективно. Кога правиме нацрт акции на дневно ниво, се трудиме да : 1) го именуваме проблемот и да го поврземе со ИКТ ; 2) ја конкретизираме и именуваме акцијата; i 3) да дадеме јасни упатства за тоа како д аја реализираме акцијата.
4)Планирајте детали
Осмислете што се треба да се заврши, и кој што ке работи. Поделете ги задолженијата како секој би имал свој јасен дел во кампањата, и како сите во неа би учествувале еднакво. Во зависност од нивоата на вашата акција, можеби ќе биде потребно да размислите за тоа кога таа се случува, што ви е потребно од материјали, кој можзе да ви помогне да ги направите, како да ги известите луѓето, дали имате медиумска стратегија, дали ќе ви бидат потребни посебни дозволи за кампањата и време за да дојдете до нив, дали ќе постојат одредени ризици за нечија сигурност и како би одговориле на нив, дали ви е потребно спонзорство, и како спонзорите би можеле да бидат партнери во вашата кампања, итн.
_____________________________________________________________________________________________
Оваа кампања е организирана од Асоцијацијата за Прогресивна Комуникација, Женска Мрежа на Програмата за Поддршка (APC WNSP). APC WNSP е глобална мрежа на повеќе од 175 жени во повеќе од 55 земји, која ја промовира родовата еднаквост во дизајнот, имплементацијата, пристапот и користењето на информациско комуникациските технологии (ИKT) во политичките одлуки и оквири ки тие ги регулираат.*CopyLeft. 2009 APC Women’s Networking Support Programme (APC WNSP)* Дозволено е овие документи да се користат за лична употреба, за обуки и едукативни публикации, мировни активности, одбрана на човековите права и за развој на организациите. Ве молиме да им оддадете признание на APC WNSP.


