ЗА НАСИЛСТВОТО НЕ ТРЕБА ДА СЕ МОЛЧИ
Првата детска амбасада во светот Меѓаши започна кампања со мото „За насилството не треба да се молчи“. Целта на оваа кампања е информирање на јавноста за проблемите со насилството на кое се изложени децата во Македонија. Неопходно е да се проговори за насилството и злоупотребата врз децата. Последиците од насилството и злоупотребата се многу сериозни по развојот на детската личност. Стравот, несигурноста, ниската самодоверба, недовербата во институционалната заштита и неинформираноста за службите кои треба да обезбедат помош и подршка се најчесто причината поради која децата молчат, го трпат насилството и ретко гоговорат за истото.
Повеке около кампањата читаjте на нашиот портал…
Categories: Campaigns