(English) (Serbian/Bosnian/Croatian) 101 razlog zašto glasati za ženu
Петиција за поддршка на анти-дискриминациската директива на ЕУ

Владата на Германија се противи на усвојувањето на новата анти-дискриминациска директива на Европската Унија. Директивата треба да придонесе да се елиминира исклучувањето и дискриминацијата на луѓето врз основа на нивната возраст, сексуална ориентација, верска припадност или инвалидитет. За усвојување на директивата потребна е поддршка од сите 27 земји членки. Германија треба да престане да се противи на усвојувањето, за да може ефикасно да се одговори на проблемот со дискриминацијата во Европа.
Потпишете ја петицијата на Амнести интернационал за усвојување на хоризонталната анти-дискриминациска директива.
ЗА НАСИЛСТВОТО НЕ ТРЕБА ДА СЕ МОЛЧИ
Првата детска амбасада во светот Меѓаши започна кампања со мото „За насилството не треба да се молчи“. Целта на оваа кампања е информирање на јавноста за проблемите со насилството на кое се изложени децата во Македонија. Неопходно е да се проговори за насилството и злоупотребата врз децата. Последиците од насилството и злоупотребата се многу сериозни по развојот на детската личност. Стравот, несигурноста, ниската самодоверба, недовербата во институционалната заштита и неинформираноста за службите кои треба да обезбедат помош и подршка се најчесто причината поради која децата молчат, го трпат насилството и ретко гоговорат за истото.
Повеке около кампањата читаjте на нашиот портал…
Вистинскиот маж никогаш не удира жена
„Вистинскиот маж никогаш не удира жена“ е насловот на кампањата „Заедно против семејното насилство“, што беше промовирана во Скопје. Кампањата, e поддржана од Организацијата на Обединетите нации (ООН) во земјава (УНДП, УНФПА, УНИФЕМ, УНИЦЕФ и СЗО), Министерството за труд и социјална политика, холандската амбасада во Скопје, како и од приватниот сектор. Read more…
Жени во времето – Братунац
На 09. 10. 2009. Во Братунац , во склоп на кампањата 16 дена активизам е одржана Свечена конференција : „Жените во времето од 1945.-1992. i 2009. во регионот на Сребреница”, посветена на активистките на книгата „Жените во времето – Братунац“, кои биле препознатливи во периодот од 1945 до 1992 како носителки на позитивни општествени промени. Read more…
Активности на ЕСЕ за подготовка на Вториот Извештај во сенка за ЦЕДАВ за Македонија
Со оглед на фактот дека Македонија треба да поднесе комбиниран Четврти и Петти Извештај за примената на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жените (ЦЕДАВ) во 2011 година, подготвувањето на Вториот Извештај во сенка добива на значење. Вториот Извештај во сенка ќе обезбеди релевантни информации, паралелно со извештајот подготвен од државните институции. Read more…
Вклучи се: сексуални права за сите
Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А., во соработка со НВО Виа Вита од Битола, организираат трибина, во четврток, 10 декември, 2009 година, на која ќе ја промовира Младинската декларација „Вклучи се: Сексуални права за сите“ и ќе побара поголема поддршка за програмите насочени кон подобрување на сексуалното и репродуктивното здравје и права на младите во нашата земја, на национално и локално ниво.
Оваа година се одбележуваат петнаесет години од одржувањето на Меѓународната конференција за население и развој (International Conference on Population and Development – ICPD) во Каиро. Во 1994 година 179 земји од светот, меѓу кои и Република Македонија, ја подржаа Програмата за акција чија што цел беше подобрување на сексуалното и репродуктивното здравје за сите.
Иако преостануваат само пет години за да се исполнат дадените ветувања, многу влади во светот не успеа да ги постигнат поставените цели и со тоа да ги задоволат потребите на младите луѓе.
Оваа година насекаде во светот се одржуваат активности чија што цел ќе биде да ги потсетат владите на ветувањата дадени пред 15 години, а кои се не исполнети. Х.Е.Р.А. како дел од светските напори за посветување на поголемо внимание на сите релевантни институции за сексуалното и репродуктивното здравје и права на младите.
Сите активности започнаа со организирање на Младинската конференција „Вклучи се: Сексуални права за сите“ во Охрид во јуни оваа година. На оваа конференција беше подготвена и усвоена Младинската декларација „Вклучи се: Сексуални права за сите“, од страна на 28 претставници од невладини организации, подмладоци на политички партии и медиуми.
Трибината ќе започне во 12:00 часот, во големата сала на Општина Битола.